Етапа
Етапата претставува простор каде што може да се гледаат приказните, игрите и анимациите. Фигурите се движат и дејствуваат меѓусебно на етапата.
Етапата е широка 480 units и висока 360 units. Таа е поделена на x-y мрежа. Средината на етапата е на координати х=0 и у=0.
Да ја одредиме х-у позицијата на етапата, го движиме глувчето и гледаме во десниот агол на етапата, т.е во дисплејот кој ги покажува координатите на глувчето.
За да се овозможи приказ на проектите на целиот екран, се користи копчето за презентација (Влези во презентација). За излез од овој мод на работа се избира копчето Esc.
Поставување на позадина
За поставување позадина на проектот, најпрво од листата со фигури се избира Етапа, по што се избира јазичето Позадини. Потоа од областа со скрипти се избира копчето Внеси, и од прозорецот кој се појавува, избираме Nature и ја избираме позадината gravel-desert.
No comments:
Post a Comment