Sunday, 22 April 2012

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

Пример 1: Да ја погледнеме оваа пример програма во која се внесуваат повеќе податоци од ист тип кои потоа се користат во програмата:

Наместо да се користи нова променлива за секој од податоците, податоците може да се сместат во иста променлива која ќе додава различна ознака за секој нов податок.
Променливата која може да има повеќе од една вредност кои се различно означени се вика еднодимензионална низа (листа) или еднодимензионално поле. Ознаките на податоците може да бидат бројни или текстуални и се викаат индекси. Податоците во низата обич но се викаат и членови на низата. Вредностите на членовите во низата може да бидат броеви или текстови.
 
Пример 2: Напиши програма која внесува податоци за име, презиме и година на раѓање на 5 ученици од едно училиште. Податоците се внесуваат во три низи и, по потреба, се користат во програмата: