Дали сакате да станете програмери?
Што е програмирање?
Програмирање е процес на создавање на програма-постапка за решавање на некоја задача со компјутерот запишана во текстуална форма во некој програмски јазик.
Програмирањето како дел од Информатичката технологија, го користатат луѓе од најразлична возраст. Секој човек кој се определил да се занимава со програмирање, интензивно учи програмски вештини, кои ги стекнува користејќи голем број на програмерски јазици, со цел да ги имплементира своите знаења во најразлични делови од општествениот живот. Програмирањето е наука за создавање/пронаоѓање на решенија во светот на компјутерите.
Еден од најновите програмски јазици што го прави полесно креирањето на интерактивни приказни, анимации, игри, и нивно поставување на web е Scratch.
Скреч е дизајниран да им помага на луѓето да се развиваат во 21 век
учејќи различни вештини. Додека креираат Скреч проекти, луѓето учат важни
математички и компјутерски идеи, и истовремено се стекнуваат со големи знаења
од дизајнирање.
Тоа е нов грaфички програмски јазик, и претставува пресвртница во компјутерското програмирање. Дизајниран е со интерфејс кој го прави програмирањето многу попривлечно и прилагодливо за сите возрасти кои сакаат да програмираат во него.

Учениците кои работат
на Скреч проекти имаат можност да научат важни пресметувачки концепти како
услови, повторување, променливи, настани, процеси и типови на податоци. Некои
ученици поминуваат на традиционални текст-базирани програмски јазици откако ќе
го совладаат програмирањето во Скреч.
Скреч нуди „низок праг“ (лесен почеток), „висок таван“ (можност за креирање на сложени проекти) и „широки ѕидови“ (подржува широк дијапазон на проекти). Со Скреч се прават од наједноставни до многу сложени проекти, кои може да користат во сите сфери на општествениот живот. Во него може да се креираат програми со взаемна имплементација на графики, анимации и музика.

Скреч е создаден во Медиумската лабораторија на Институтот за технологија на Масачусетс. Раководител на проектот е Карен Бренан, која коментира : ,, Нашата цел не е да создаваме армија на програмери, туку да ја развиваме способноста за самоизразување. Сметаме дека секој треба да може да креира свој медиумски материјал". Тој е заснован на принципот на градежни коцки што се соединуваат со различни команди. Има повеќе од сто такви парчиња од кои избирате, како и библиотека на визуелни елементи што се дел од програмата. Секој може да ја спушти програмата од Интернет, и тоа бесплатно.
Ви посакувам успешна учебна година!
No comments:
Post a Comment