Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.
Програма е постапка за решавање на некоја задача со компјутерот запишана во текстуална форма во програмски јазик.
Видови на програми:
Системските програми управуваат со работата на компјутерот.Тука спаѓаат:
- оперативниот систем
- контролните програми
- услужните програми
Алгоритмите се поопшти и поапстактни од програмите. Еден алгоритам може да биде решен од човек или машина, или од двете. Програмата мора да биде извршена од компјутер. Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во формулата на Niklaus Wirth (автор на јазикот Pascal)
Програма = Алгоритам + Податоци
Пример:
Проблем: Задавање упатство каде се наоѓа кабинетот по информатика во училиштето.
Чекор 1: Влези во училиштето на главниот влез.
Чекор 2: Оди право.
Чекор 3: Качи се по скалите.
Чекор 4: Сврти се во лево.
Чекор 5: Оди право.
Чекор 6: Сврти се во лево кај првата врата.
При создавање програма мора да се даде одговор на прашањата:
1. Како ќе се идентификува главниот влез во училиштето?
2. Колку треба да се оди право?
3. Колку скали треба да се качиш?и др.
УЛОГАТА НА ПРОГРАМИТЕ ВО КОМПЈУТЕРОТ
Програмите му кажуваат на компјутерот како да реши одреден проблем. Всушност, задача на програмите е да му кажат на компјутерот како да ги прифати влезните податоци, да оперира со нив и да врати излезни податоци.
Во следната табела соодветно за дадениот тип на програма е зададен влезниот податок, операцијата која ја врши програмата и што ни дава како излезен податок.
УЛОГАТА НА ПРОГРАМИТЕ ВО КОМПЈУТЕРОТ
Програмите не се користат само во работата со компјутер. ТВ - уредите, музичките системи, клима уредите можат да се програмираат и со нив да се управува од одредено растојание. Тоа значи дека овие уреди користат програми кои се вградени. Пример: телевизорот за да може да ги разбере влезните команди што ги испраќа корисникот преку дале чинскиот управувач мора да има вградено програма. Врз основа на добиената команда, чипот во кој е испрограмирана логиката на телевизорот иницира одредена активност, т.е. поттикнува други електронски компоненти.
Програмирање и програмски јазициЈазикот е средство кое овозможува комуни кација помеѓу луѓето. Природните јазици (македонски, англиски, руски, француски) настанале спонтано во дамнешни времиња и постојат група луѓе (народи,нации, племиња и сл.) кои го разбираат, зборуваат иразмислуваат на него, односно го користат. Но, природ ните јазици поради својата нееднозначност и непрецизност се недоволно строги и не се погодни запретставување на специфични, на пр. математички информации. Затоа се измислени вештачки јазици. Пример за вештачки јазик: јазици за бележење на математички, физички или хемиски фомули, јазикот есперанто итн.
Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.
Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма со користење на програмски јазик.
Видови на програмски јазици
Од појавата на компјутерите па до ден денес се развиени голем број на програмски јазици. тие се делат на:
- машински јазици
- симболички јазици
- виши програмски јазици
Машинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри.
Симболичкиот јазик е на повисоко ниво од машинскиот, односно јазик на кој наредбите се претставени со симболи или мнемоници кои за да ги разбере компјутерот се користат програми преведувачи наречени АСЕМБЛЕРИ.
Виши програмски јазици се јазици слични на човечкиот јазик.
Fortran, Basic, Pascal, C (C ++), Visual Basic, Java, Prolog, Cobol, Algol и др.
Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.
No comments:
Post a Comment