Friday, 28 October 2011

Фигури во програмски јазик Скреч

Кога започнуваме нов Скреч проект, тој секогаш започнува со една основна фигура, фигура на мачка. За да креираме нови фигури ги користиме следниве копчиња:

Има повеќе категории на фигури: Animals, Fantasu, Letters, People, Things, Transportation.

Кога ќе се избере категорија се покажуваат сите фигури во листата. За секоја од фигурите долу под сликичката на фигурата може да има дополнителни податоци за бројот на програмчиња и бројот на маски кои ги има фигурата.

За прегледување и изменување на скриптите (текстовите), маските и звуците на фигурите, се избира саканата фигура од листата со фигури или двоен клик на фигурата од етапата (Селектираната фигура е опкружена со плава линија во листата со фигури). Со десен клик врз некоја фигура од листата се појавува помошно мени за прикажување, внесување, дуплирање или бришење на фигурата. Ако некоја фигура е надвор од етапата или е Shift+клик на самата фигура  скриена, за нејзино прикажување се користи во листата, така што скриената фигура се прикажува на средината на етапата. Редоследот на фигурите во листата може да се промени со влечење на фигурите во листата на фигури долу десно.

Листа со алатки


Избрана фигура


Во делот Избрана фигура  се прикажани името, x-y позицијата, насоката и заклучување на фигурата. 

Името на фигурата може да го промениме со означување на текстот во правоаголникот и допишување на името кое го сакаме.
Насоката на движење на фигурата покажува во која насока ќе се помести фигурата кога ќе се извршува блок за поместување (0=нагоре, 90=надесно, 180=надолу, -90=налево). Плавата линија на приказот ја оваа линија во  покажува насоката на движење на фигурата. Со влечење на саканиот правец се променува насоката на движење. Со двоен клик на фигурата правецот се поставува на почетната состојба (Насока=90).
Доколку се притисне катанецот во долниот десен агол се променува состојбата на заклучувување на фигурата. Отклучената фигура може да се влече при презентација или на web прикажувач.
Со притискање на Внеси се зачувува фигурата како посебен фајл и доколку е потребно се овозможува да се користи во некој друг проект.