Friday, 28 October 2011

ПРОМЕНЛИВИ И ИСКАЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
Аритметички операции, изрази и променливи во програмскиот јазик

Која е разликата помеѓу следните изрази:
Два+три, “2+3”, 2+3 ?
Два+три, “2+3” се текстуални изрази, а 2+3 е броен (атитметички) израз.
Аритметички израз е бројна вредност или запис од две или повеќе бројни вредности и
математички оператори меѓу нив. Математички оператори во програмскиот јазик се: +, -, *, /.
Променлива претставува име или симбол чија вредност можe да се менува во текот на извршувањето на програмата. Така, на пример, во науката симболот Т е ознака за температура. Т е променлива. Да земеме пример од математиката: a и b се страни на правоаголникот. Тие се променливи. За првиот правоаголник тие имаат една вредност, а за вториот тие се менуваат и имаат друга вредност. Но значењето им е исто - и во двата правоаголника a и b се страни на правоаголникот, а P е плоштина. Променлива во програмскиот јазик е место каде што привремено се сместуваат вредности кои подоцна може да се користат во програмата. Вредности кои и може да и се доделуваат на променливата се текст, број, вредност на математички израз или исказ која е исто број или текст. Симболот „=“ е оператор за доделување вредност на променлива. Променливите имаат имиња. Имињата се доделуваат според правилата на програмскиот јазик.

Вежба 1: Собирање на 2+3 и анализирање на исписот.
(Во програмскиот јазик Скреч се одбира дали променливата е за сите или само за една фигура.)

Вежба2: Пресметај плоштина на правоаголник со страни 3 и 5.

Вежба 4: Направи програма која ќе го пресметува збирот, разликата и производот на броевите 2 и 3 и ќе го соопштува резултатот на корисникот.
Еве како може да изгледа решението на задачата. Се разбира дека е можно да се реши и поинаку.


No comments:

Post a Comment