Friday, 28 October 2011

ДОПОЛНИТЕЛНИ СПЕЦИФИКИ НА ЈАЗИКОТ
Искази (техники) за внесување податоци во програмата и за објаснување податоци кои се оче куваат од корисникот

Постојат интерактивни и неинтерактивни компјутерски програми – програми кои само даваат информации и програми кои бараат и издаваат информации до корисникот.
Операции во текстуалниот објект за внесување текстуални и бројни податоци
Внеси ја пример програмата 1:

Дали приказот на програмата се менува при секое ново извршување? Дали корисникот (a не програмерот) може да влијае или да го менува приказот од програмата?
Одговорот на овие прашања е НЕ:
Воочи: Програмите кои прикажуваат излез како непроменлива и независна информација од корисникот се неинтерактивни компјутерски програми.
Интерактивните компјутерски програми овозможуваат внесување податоци од корисникот, работат со податоците и прикажуваат информации кои се променливи и зависат од влезните податоци на корисникот кои може да се менуваат при секое ново извршување на програмата.
Вежба 2:Изработи програма која ќе му се обрати на корисникот со неговото име.

Изврши ја програмата. Исказот за внесување чека да внесеш име. По внесување на името ја испишува пораката со внесеното име. Ако корисникот не е програмерот кој ја пишувал програмата дали ќе знае што треба да напише или направи? Не бидејќи нема да знае што го прашуваат. За да биде програмата разбирлива за корисникот, додади ја следната линија како прва во програмскиот код:

Изврши ја програмата!
Вежба 3: Внеси ја и изврши ја следната програма:

Дали програмата е интерактивна? Дали програмата бара внес на податоци од корисникот? За кои бројни вредности пресметува збир програмата?
Одговор: Програмата не е интерактивна и не бара внес на податоци од корисникот, таа го пресметува само збирот на броевите 2 и 3 кои ги одредил програмерот.
Вежба 4: Во пример програмата направи промени кои ќе му овозможат на корисникот внесување броеви по избор при секое извршување на програмата. Со тоа ќе ја направиш твојата програма интерактивна.



No comments:

Post a Comment